понеделник, 13 јануари 2025

Москва: Украина со западни проектили со долг дострел го нападна југот на Русија, ќе одговориме (ВИДЕО)

Украина лансираше шест ракети со долг дострел АТАКМС од американско производство и четири ракети „сторм шедоу“ од британско производство на јужниот руски регион Ростов во средата, соопшти денес руското министерство за одбрана.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Руските сили ги собориле сите проектили АТАКМС и три од четирите „сторм шедоу“ ракети, соопшти министерството, порачувајќи дека Москва ќе одговори на тие напади.

Украина почна да ја гаѓа Русија со тие проектили минатиот месец, откако за тоа доби дозвола од Соединетите Американски Држави и Британија. Москва порача дека поради тоа тие земји ги смета за директни учесници во конфликтот.

Во својот одговор на западната ескалација на ситуацијата Русија ја лансираше хиперсоничната ракета „орешник“ на украинскиот град Дњепар на 21 ноември.

Рускиот претседател Владимир Путин кажа дека руските сили се спремни да лансираат повеќе ракети „орешник“, на мети како „центрите за носење одлуки“ во Киев, ако Украина продолжи да го користи западното оружје со долг дострел за напади на Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ