Во соопштението на Кремљ кое го пренесуваат руските медиуми, наводниот обид за напад со два дрона во текот на ноќта е опишан како „терористички чин“ и се додава дека руската војска и безбедносните сили ги „онеспособиле дроновите“.
Не е причинета материјална штета и нема жртви.
Explosive drone hit Kremlin in Moscow last night https://t.co/PGIxps1Ktu pic.twitter.com/XI5UaoPJFm
— Liveuamap (@Liveuamap) May 3, 2023
Претседателот на Русија Владимир Путин е на безбедно и продолжи да работи бeз промени во распоредот, се додава.
Во соопштението, кое го пренесува руската агенција ТАСС, се наведува дека овој инцидент се смета за „намерен обид за убиство на Путин пред Денот на победата, кој Русија го слави на 9 мај“.
„Русија го задржува правото да одговори кога и каде што ќе смета дека е најпригодно“, се наведува во соопштението.
Украинската страна не ги коментираше тврдењата.