петок, 13 декември 2024

Москва бара седница на Советот за безбедност на ОН поради дозволата на Западот Украинците да ја гаѓаат територијата на Русија

Москва побара на 14 јуни да се одржи седница на Советот за безбедност на Обединетите нации поради дозволата за Киев која му ја дадоа западните земји да може да врши напади на територијата на Русија, соопшти руското дипломатско претставништво во ОН.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претходно неколку западни земји му дозволија на Киев под одредени услови со нивното оружје да гаѓа цели на руска територија.

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди за време на разговорот со претставниците на западните медиуми на маргините на економскиот форум во Санкт Петербург дека Москва може асиметрично да одговори на испораките на оружје со долг дострел на Украина.

Тој оцени дека Русија може да го испорачува своето високопрецизно оружје со долг дострел за напади на земјите кои го снабдуваат Киев со оружје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ