Тој повеќе од пет децении е учесник и сведок на активностите и развојот на Медицинскиот факултет каде што студирал, а подоцна станал и редовен професор.
Оваа втора јубилејна монографија во издание на Медицинскиот факултет во Скопе, овој пат посебно ги чествува 24-те македонски великани на медицината кои биле избрани во доценти од 1955-60 г., и кои дале огромен придонес во иницијалниот развој и подем на Факултетот, во педесетите години на минатиот век, како и понатаму во развојот на медицината во земјава.
Покрај 15-мина наставници од Македонија, како помош од останатите краеви на тогашна Југославија пристигнале и 12 наставници од Србија, 11 од Хрватска, и уште неколкумина од други земји од Европа, вкупно околу 40, кои придонеле за основањето и иницијалниот развој на Медицинскиот факултет во Скопје во првите 10-тина години по неговото формирање, а од 1955-60 наставниот кадар се зајакнал со изборот на 24 доценти кои придонеле за брзиот подем на Факултетот во 1960-те и потоа.