четврток, 12 септември 2024

МОН: Од понеделник исплата на субвенциониран студентски оброк на неделно ниво

Ја почитуваме волјата на студентите и ги исполнуваме нивните барање. Тие и понатаму ќе бидат важен партнер на институција во креирањето на политиките и мерките кои ги засегаат младите, вели министерот за образование и наука Јетон Шакити.Наместо на дневна основа, од следниот понеделник паричните средства за субвенциониран студентски оброк, ќе се исплаќаат одеднаш за шест дена во неделата. Ова е предвидено со последните измени на Законот за субвенциониран студентски оброк, направени на барање на студентските организации и здруженија, а во насока на унапредување на решението за користење на оваа системска мерка.

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за образование и наука известува дека почнувајќи од следната седмица, секој студент кој го остварува правото на субвенциониран студентски оброк на својата трансакциска сметка ќе добива 840 денари кои ќе бидат наменети за купување оброк, односно намирници за прехрана и ќе можат да се искористат од понеделник до сабота. На овој начин се зголемува практичноста на законското решение кое досега предвидуваше исплата на 140 денари на дневна основа.
Нема промена во условите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк. Рокот за пријавување на студентите кои досега не го оствариле ова право или не ги исполнувале критериумите, е од први до петти секој нареден месец преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk.
Со оглед на тоа што примената на новото законско решение стапува на сила од 1 март, информираме дека секој студент корисник на правото, овој петок ќе добие средства за двата преостанати дена од седмицата, односно 280 денари, информираат од  Министерството за образование и наука.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ