петок, 13 декември 2024
Книга со моќна порака од познатиот бодибилдер

„Моќта на промените“ од Тоше Зафиров достапна за сите кои сакаат промени кон поубав живот

Ако сакаме промени, мораме да веруваме во нив и да се потрудиме да ги направиме ние самите, бидејќи никој тоа нема да го стори за нас. Ова е пораката која ја испраќа еден од најпознатите бодибилдери во државава, Тоше Зафиров во книгата „Моќта на промените“. За него ова дело е повеќе од книга, тоа е манифест на љубовта и трудот, на посветеноста кон подобрувањето на себе и општеството.

Објавено на

часот

Сподели

Со оваа книга не само што познатиот спортист ја споделува својата мудрост, туку и својата душа. Ако листате низ страниците на „Моќта на промените“, ќе отидете на едно патување кое ќе ви ги покаже вистинските вредности и ќе ве инспирира да станете она што секогаш сте сакале да бидете.

Книгата зборува за моќта на промените и верувањето дека секој од нас може да направи промени.

На промоцијата која се одржа пред десетина дена во Скопје дојдоа многумина, а меѓу нив беа и неговата сопруга, Габриела Зафирова која му е поддршка секогаш, како и неговата мајка и сестра.

Семејството Зафирови кога е бодибилдингот во прашање, се чини дека буквално не постои пречка која што може да ги запре, па ни кога станува збор за напорните тренинзи во теретана и предизвиците кои им ги носат натпреварите.

Но, периодов со објавата на својата книга „Моќта на промените“, Зафиров покажа дека она што го знае и смета дека е корисно за останатите, треба да се собере на парче хартија и да биде мотивација за оние кои ќе сакаат да одат на патување со вистински вредности.

Зафиров почнал да тренира на свои 16 години во Неготино, а првите тренизни ги направил дома. Добил книга од Петар Челик, кој е еден од основачите на бодибилдингот и фитнесот на овие ју-простори и бил фасциниран од тоа како тој изгледа. Потоа почнал да тренира во клубот „Пако“ во Неготино, кој сè уште постои. Таму се подготвувал за своето прво натпреварување на кое станал јуниорски шампион на Македонија во 1997 година, и тоа само по една година тренинг.

Неготино е мало место, има мали фитнес-центри, па тој одлучил да се пресели во Скопје и тогаш почнале да се нижат успеси. Успесите ги дополнуваат и неговата сопруга Габриела Зафирова, а од неодамна и нивната ќерка Ангела која освои злато на натпреварот во бодибилдинг во Словенија.

Зафиров секогаш е борец за здравиот начин на живот и во неговата тератана „Гладијатор“ во Скопје секогаш работи за да ги мотивира помладите во текот на тинејџерските години да не посегнуваат по пороци, туку по спорт и здрав начин на живот.

Неговата позната реченица да се грижиме за нашето тело, бидејќи тоа е единственото место каде мораме да живееме е мотив за многумина, а од пред неколку дена мотив е и неговата книга „Моќта на промените“.

Книгата можете да ја најдете на линкот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ