вторник, 8 октомври 2024

Мојсоски верува дека истрагата ќе покаже дека нема злоупотреба на граѓанските пари во случајот со спортските ваучери

Објавено на

часот

Сподели

Тој на денешната промоција на кошаркарско игралиште во полицискиот центар „Ѓорче Петров“ одговорајќи на новинарско прашање истакна дека и Јавното обвинителство треба да се произнесе за случајот во следните денови.

„Знаете, постапката дојде до контра-тужба од моја страна. Владата се произнесе негативно во делот на ова, Основното обвинителство се произнесе негативно, остана уште Јавното обвинителство кое би требало овие денови да се произнесе. Се гледаат тука тенденциозни работи кои дефинитвно се ставени од други вработени кои беа претходно во агенцијата. Би сакал да испратам апел дека ова ние што сакаме да го направиме со спортот е знак дека не сакаме да злоупотребиме државни пари, туку, самото тоа е помагање на спортот сите тие процедури кои се прават во ваучерскиот систем не се од нас туку од самите федерации, ние само ја спроведуваме процедурата која тие веќе ја дале. Се надевам дека во скоро време ќе се изјаснат и другите чинители и ќе покажеме дека сме во функција на граѓаните, а не како што посочува ДКСК“, изјави Мојсоски.

Изрази надеж дека истрагата ќе покаже дека нема злоупотреба на граѓанските пари.

„Ваучерскиот систем постои пред мене истиот, а и сега, се надевам дека откако ќе се истражи и заврши како што треба, последна институција е Јавното обвинителство во кое веќе бевме на разговори, кажавме кои се, какви се процедурите и ќе покаже дека во тој дел не сме ние, тие се граѓански пари кои се делат на федерации, клубови и спортисти и таму завршуваат“, истакна тој.

Воедно информира дека до крај на септември оваа година Владата ќе го усвои акцискиот план за новата Национална стратегија за млади.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ