среда, 19 февруари 2025
По забраната за влез на бугарски државјани во Македонија

МНР со обид за корекција на МВР: Европратеникот Ковачев не е во групата на лица кои се закана по јавниот ред и мир

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на МВР се вели: 

„За Владата на Северна Македонија приоритетно прашање е членството во ЕУ. За таа цел се ставени на располагање сите владини и административни ресурси за успешно завршување на скрининг процесот и отворање на првиот кластер – фундаменти.

Паралелно се работи и на уставните измени кои влегуваат во клучна фаза, каде за кратко време работната група треба да излезе со предлог амандманите. Сензитивноста на овој процес не остава простор за преземање на најмал ризик кој би влијаел негативно на успешното спроведување на измените.

Во таа насока, на 6 мај, на граничниот премин Ново Село, „поради неисполнување на условите за влез во Република Северна Македонија, согласно законот за странци, не било дозволен влез на група од петмина државјани на Република Бугарија“.

Дополнително би сакале да нагласиме дека во оваа група со која патувал и европратеникот Андреј Ковачев, имало лица за кои во Министерството за внатрешни работи има сознанија дека претставуваат ризик по јавниот мир и безбедност. Европратеникот Ковачев не е меѓу нив, но надлежните служби донеле таква одлука поради групата со која патувал.

Секој европратеник кој го почитува достоинството на државата и нејзините граѓани е добредојден во Северна Македонија“.

Инаку, МВР беше категорично кога соопшти дека нема и во иднина да дозволи влез на лица кои го нарушувааат јавниот ред и мир, но и на лица, како што беше нагласено, кои ги омаловажуваат граѓаните и државата.

Се работеше за лица бугаруски државјани кои беа тргнале да учествуваат на панихида на бугарските воени гробишта во струмичко Ново Село.

„На граничниот премин Ново Село поради неисполнување на условите за влез во Република Северна Македонија, согласно законот за странци, не е дозволен влез на петмина државјани на Република Бугарија. Македонската полиција нема да дозволи, ниту сега ниту во иднина, никој да го нарушува јавниот ред и мир и да ги навредува и омаловажува граѓаните и државата и нема да биде дозволен влез на такви лица на територија на државата“, нагласија од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ