Во однос на редот и дисциплината во министерството, извори во МНР, велат дека имало поединци со високи дипломатски, дури и со амбасадорски звања, на кои не им бил даван никаков ангажман, на дел од нив им се дозволувало да не одат на работа, додавајќи дека тоа повеќе нема да се толерира.
Во однос на амбасадорските места, извори во МНР посочуваат дека е отпочната процедура за тоа кој ќе го пополни амбасадорското место во ОН во Њујорк, откако досегашниот амбасадор Љубомир Фрчкоски поднесе оставка.
Изворите додаваат дека има рок којшто му следува што го добива за пред враќањето во државава и тој рок веќе тече, со што тој за неколку недели ќе биде вратен во државава, со што ќе заврши неговиот мандат како амбасадор, но, велат оттаму, со тоа нема да завршат процесите за сериозните недостатоци по неговата работа и тие процеси ќе продолжат во рамки на мминистерството.
За амбасадорите Весел Мемеди во Италија и Андреј Жерновски во Романија, додаваат изворите, сѐ уште траат внатрешните процедури во рамки на МНР.
Во врска со наводите за недоследности во уште две амбасади, извори во МНР засега не откриваат за кои амбасади станува збор, како што велат, од почит кон државата во која се акредитирани и сѐ уште се вршат внатрешни контроли и процедури.