недела, 6 октомври 2024

МНР ја отповика нотата со која Италија доби известување дека не важат македонските пасоши без „Северна“

Во одговор на медиумските наводи за испратена нота до италијанското МНР, Министерството за надворешни работи информира дека ниту едно дипломатско – конзуларно претставништво на Македонија нема добиено инструкција да доставува ноти за предметната тема до земјите на акредитација.

Објавено на

часот

Сподели

Ова го велат од МНР по информациите дека амбасадорот во Рим, Весел Мемеди самоиницијативно до италијанските власти доставил нота во која ги известил дека и валидните патни исправи со името Република Македонија до 12 февруари се неважечки.

„По добиените сознанија за испратената нота до италијанското МНР, истата по дипломатски пат веднаш е отповикана, уште пред стапување во сила на наведениот рок за важноста на пасошите и со тоа, не предизвика никакви импликации“, стои во соопштението на МНР.

Министерството веќе спроведува интерна постапка за утврдување на одговорност за расчистување на случајот, додаваат оттаму.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ