сабота, 2 ноември 2024

Многу патишта низ земјава сè уште се под снежна опсада

Објавено на

часот

Сподели

Во тетовскиот регион сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива отежнато, но редовно и без забрани со задолжително носење зимска опрема.
Патниот правец околу Мавровско Езеро сè уште не е исчистен и сообраќајот во тој дел се одвива отежнато.
На патот Тетово – Јажинце на коловозот има и до половина метар снег, но сообраќајот се одвива тековно.
Проодни за сообраќај и без ограничувања се патиштата во Штип и во Штипско.
Регионалниот пат Кочани-Осогово, кај Спортско рекреативниот центар, е оспособен за сообраќај на возила, но со употреба на зимска опрема.
И во Велес и Велешко се проодни сите магистрални и регионални патишта, освен патот за селото Горно Јаболчиште, каде што се работи на расчистување.
Проодни за сообраќај се сите магистрални и регионални патишта во Охрид, Струга, Дебар, Кичево и Македонски Брод, освен патниот правец за селата во Малесијата.
Во Кумановско патиштата се чисти и проодни и нема никакви пречки во одвивање на сообраќајот. Коловозите се влажни и опесочени. Немало нови врнежи преку ноќта. Магистралниот пат Ранковце-Крива Паланка-Граничен премин Деве Баир е прооден за сите моторни возила без ограничување. Локалниот патен правец кон селото Арбанашко поради високи наноси од снег не е прооден во должина од три-четири километри. Се очекува во текот на денешниот ден со дополнителна механизација да биде целосно исчистен и прооден.
Не е прооден и локалниот пат од Кратово до селото Каврак, каде што има снег околу 50 сантиметри и навеви од еден до три метри. Патот е прооден до селото Близанци.
Локалните патни правци во низинскиот дел од Кратово до селото Коњух се проодни за сите моторни возила, освен еден крак кон селото Татомиор, кој сè уште не е расчистен и е прооден до селото Секулица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ