Според информациите од СВР – Охрид, во несреќата загинале Ф.К.(22), возач на возилото и сопатничката Е.С.(21).
За несреќата во СВР – Охрид било пријавено во 7:21 часот изутрината, со информација дека на автопатот во изградба кај девијацијата „Царо поле“, во атарот на селото Ботун, патнички автомобил „Ауди“ со кичевски регистарски ознаки, излетал од патот.
„ По преземени мерки, констатирано е дека, Ф.К.(22) возач на возилото и сопатничката Е.С.(21), двајцата од Кичево, починале на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид. Увид на местото извршија јавен обвинител, сообраќаен вештак и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, врз телата на двете починати лица, ќе биде извршена обдукција“, соопшти Стефан Димоски, портпаролот на СВР – Охрид.
Инаку, за извлекување на возилото од реката каде завршило по излизгувањето од коловозот е ангажирана екипа на Територијалната противпожарна единица од Охрид, која интервенирала со едно возило и петмина пожарникари.