вторник, 8 октомври 2024
Ќе одмара речиси до крајот на сезоната

Митровиќ ја дозна казната за црвениот картон против Манчестер јунајтед, ќе паузира дури 8 натпревари

Објавено на

часот

Сподели

По црвениот картон на Александар Митровиќ на Олд Трафорд, медиумите од Англија пишуваа дека од Србинот ќе биде направен пример и ќе му биде доделена драконска казна за недоличното однесување.

Фудбалската асоцијација попладнево ја соопшти казната, и прогнозите горе-долу се остварија.

Александар Митровиќ доби осум натпревари суспензија, три за црвениот картон, додатни три за насилно однесување и два додатни за навреди и закани кон судијата.

Србинот ќе треба да плати и глоба од 75.000 фунти.

Напаѓачот веќе одработи еден натпревар, а ќе биде надвор од комбинација до самиот крај на сезоната и дуелот против Саутемптон на 13. мај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ