недела, 10 ноември 2024

Митева: Во образованието платите до 2028 година ќе пораснат минимум 46%

Владата презема чекори за подобрување на животот на граѓаните во сите сфери и за таа цел, после опсежни преговори донесовме одлука да ги зголемиме платите на наставниците и професорите, и тоа за 5% покачување почнувајќи од октомвриската плата што ќе биде исплатена во ноември, па се до февруарската плата којашто ќе биде исплатена во месец март 2025 година, изјави денеска Марија Митева, портпаролката на Владата на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

„Она што е важно да се напомене е одлуката на Владата да продолжи со континуиран раст на платите на образовниот кадар. Во март 2025 година ќе имаме покачување на платите од 7%. Во 2026 година во месец март, во зависност од состојбата на Буџетот. планирано е да има покачување на платите помеѓу 7,5 и 10%. Дополнително, во 2027 година, и тоа повторно во зависност од состојбата на буџетот, ќе има покачување на платите помеѓу 7,5 и 10%, додека пак во март 2028 година покачувањето да биде помеѓу 10 и 12,5%.
Со овој пристап Владата се обврзува на континуиран раст на платите на образовниот кадар кој во 2028-та година би достигнал раст од минимум 46% повисока плата за сите во образовниот кадар за разлика од онаа којашто ја земаат денеска, во зависност од тоа која скала ќе биде применета, а тоа повторувам повторно ќе зависи од приходната страна на Буџетот.
Владата и Министерството за образование и наука продолжуваат со креирање на партнерски дијалог со СОНК со кој се зазема став дека најдоцна до месец февруари идната година ќе биде донесен и Колективниот договор согласно горенаведената методологија и врз основа на истиот ќе се предвидат и овие, но и сите останати отворени прашања“, изјави Митева.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ