сабота, 9 ноември 2024

Митева: Владата дава ваучери од 250 евра за студенти и поддршка до 30.000 евра за бизнис за млади

На првата прес-конференција по именувањето, портпаролката на Владата, Марија Митева истакна дека младите мора да го добијат централното место во носењето на одлуки.

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е визијата на Владата при носењето на мерки и политики кои ќе придонесат за подобрување на животниот стандард. За таа цел, Владата предвиде мерки и тоа 250 евра ваучери за студентите за електронски уред, но и финансиска поддршка до 30.000 евра за бизнис за млади“, кажа Митева

Таа најави дека од страна на Владата е отпочната комуникација со компаниите во делокругот на информатичката технологија кои до крајот на оваа година треба да се финализираат и да резултираат со утврдување на пристап кој е најповолен и преку кој ќе се изнајде најдобра методологија за распределба на обезбедените финансиски средства.

„Целта е да се изнајде најповолно решение каде компаниите ќе ги обезбедат електронските уреди, а исплатата ќе биде извршена преку ваучерите кои ќе бидат наменети за сите студенти. Воведувањето на оваа мерка со која на сите студенти ќе им обезбедиме ваучер од 250 евра специјално за купување електронски уреди е дизајнирана да обезбеди сите студенти да имаат пристап до технологијата што им е потребна за да успеат во денешниот дигитален свет“,наведе портпаролката на Владата, Марија Митева.

Според Митева, оваа иницијатива не само што се однесува на намалување на дигиталниот јаз, туку ја поддржува и посветеноста Владата за поттикнување на поправедна образовна средина, особено за семејства кои се соочуваат со финансиски предизвици кога станува збор за инвестирање во технологијата.

„По финализирањето на преговорите со ИТ-компаниите кон крајот на оваа година ќе обезбедиме повеќе детали за процесот, како и насоки за тоа како младите ќе можат да ги максимизираат придобивките од овие ваучери. Ги охрабруваме студентите и родителите целосно да ја искористат оваа можност. Заедно, да се погрижиме сите наши млади луѓе да ги имаат алатките што им се потребни за да напредуваат во светот кој постојано се менува“, порача Митева.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ