вторник, 8 октомври 2024
Прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Мисајловски: Со секој нов ден со оваа власт се продлабочува политичката криза

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е сосема погрешна стратегија, можеби е добра за врвот на власта и бизнисмените блиски до нив кои профитираат од ДУИ и од СДС, но е поразителна за народот и за Македонија.

Во периодот до избори ДУИ и СДС нема да направат ништо добро, напротив ќе продолжат со крадење, а народот ќе биде посиромашен. Но тие забораваат дека додека крадат и вештачки се одржуваат на власт се повеќе губат на гласови и наредните избори ќе го доживеат својот најголем пораз.

Додека ДУИ и СДС вештачки се одржуваат на власт треба да се знае:

1. Учебната година повторно ќе започне без книги;

2. Болните од ретки болести плачат и молат за лекови, а дечиња бараат пари за лекување преку СМС пораки;

3. Луѓе се убиваат низ Скопје, а МВР не можат да ги најдат сторителите;

4. Пензионерите едвај врзуваат крај со крај;

5. Земјоделците нема каде да го продадат произведеното;

6. Младите се иселуваат;

7. Државата се задолжува, а никој не знае каде одат милијарди евра кои треба да ги враќаат идните генерации.

Време е ДУИ и СДС да ја сфатат сериозноста на ситуацијата, зошто со секој поминат ден со нив на власт, Македонија губи.

Со ДУИ и СДС секој ден сме се подалеку и од ЕУ и од добра иднина.

Затоа потребни се избори, кои се единствено разумно решение за излез од кризата, а се друго е губење време.

Во текот на кампањата ќе понудиме патриотско, компаративно гледано, крајно исправно решение кое ќе ги зачува, заштити и унапреди интересите на Македонија, во поглед со спорот со Бугарија. Но, за да го направиме тоа потребни се прво избори.

Време е за избори, време е да ставиме крај на поразите. Време е за промени“, рече Мисајловски на прес-конференција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ