петок, 13 декември 2024

Мисајловски: Министерството за одбрана дава целосна поддршка на реформите во системот за справување со кризи

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски денеска на научно – стручната трибина во Домот на aрмијата посветена на функционалноста на одбранбено – заштитниот систем ги потврди трите главни цели за одбраната – интензивирање на реформската агенда, вклучувајќи ја и модернизацијата на aрмијата, целосно почитување на обврските на Министерството кон вработените и припадниците на Армијата и стабилното буџетирање на одбраната како основа за развој, информираат од МО. 

Објавено на

часот

Сподели

„Процесот на модернизација тече согласно сите планови. Реализираме навистина значајни проекти со кои новата, модерна, софистицирана опрема согласно највисоките стандарди на НАТО станува и наша реалност“, рекол Мисајловски.

Тој ги споменал проектите за модернизација како набавката на лесните оклопни возила ЈЛТВ (JLTV) и „страјкер“ (stryker), системот за противвоздушна одбрана „мистрал 3“ (mistral 3), артилериската опрема, одржувањето на постојната хеликоптерска флота и набавката на нови хеликоптери за армијата.

Министерот се осврнал и на вработените во АРМ и во одбраната, за кои рекол дека се професионалци кои ги водат најсериозните процеси во државата, а истовремено тие се и првите кои излегуваат на терен во поддршка на секој македонски граѓанин.

„Сето тоа е реалност, затоа што буџетот е стабилен и е во нагорна линија“- рекол Мисајловски.

Министерот најавил дека и во 2025 година одбранбениот буџет ќе расте, односно ќе изнесува над два процента од бруто-домашниот производ.

Во однос на реформата на системот за заштита и спасување, министерот Мисајловски порачал дека одбраната е подготвена да даде целосна поддршка во овие реформи.

„ Граѓаните, од нас очекуваат ефикасен, брз, добро подготвен интегриран систем за заштита и спасување и управување со кризи. Впрочем, огнените стихии со кои се соочивме изминатото лето беа доволен доказ дека нешто мораме да менуваме, и тоа сега, и веднаш. Да ги детектираме слабостите на системот и заеднички да покажеме дека знаеме да ги ставиме потребите на секој еден граѓанин на прво место“, потенцирал министерот.

Научно-стручната трибина е организирана од Клубот на генерали во кој членуваат 35 активни и пензионирани генерали со искуство стекнато преку повеќе децениска работа во одбранбениот систем. Говорници на трибината биле и еминентни професори и експерти во безбедносната сфера.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ