петок, 8 ноември 2024

Мисајловски: Буџетот на министерството за одбрана треба да биде 2,4 отсто од БДП

На денешниот отчет за 100 дена Влада, министерот за одбрана Владо Мисајловски нагласи дека во 2025 година се планира зголемување на буџетот за Министерството за одбрана и 37 отсто од овие средства, или околу 8,5 милијарди денари, да бидат насочени кон модернизација и опремување на Армијата.

Објавено на

часот

Сподели

Тоа се три милијарди денари повеќе од оваа година.

Како што наведе Мисајловски, предлог-буџетот за Министерството за одбрана за 2025 година, треба да биде 2,4 проценти од БДП, од кои 37 проценти ќе одат за модернизација на Армијата или 7 проценти повеќе од досега.

„Зголемен буџет значи поголеми инвестиции во одбранбените капацитети и инвестиции во нова модерна опрема компатибилна со НАТО-стандардите“, рече Мисајловски на отчетот за 100 дена Влада и додаде дека реализацијата на буџетот на Министерството за одбрана за годинава е 73 проценти, заклучно со 1 октомври.

Во моментов, повеќе проекти за модернизација се во фаза на реализација според предвидената динамика. Како што кажа Мисајловски, согласно побарувањата на Армијата во моментов  во процес на набавка се лесни оклопни возила, оклопни транспортери, опрема за противвоздушна одбрана, хеликоптери, инженериски машини и опрема за останатите единици.

„Пред две недели добивме пакет-помош од 13 милиони евра од ЕУ, кој ќе се финансира во рамките на Европскиот мировен форум. Оваа помош опфаќа технологии поврзани со разузнавање, набљудување, извидување и електронско војување и комуникациско разузнавање, логистика и инженерска опрема, комуникации и информациски системи, како и обука за потребниот персонал“, рече Мисајловски.

Мисајловски откри и дека од ноември ќе бидат оперативни и двата хеликоптера  Ми 8/17 кои беа на ремонт. Како што посочи, а време на кризната состојба со пожарите, во состојба на подготвеност беа преку 300 припадници на Армијата со два воздухоплови кои ќе бидат соодветно наградени со пренамена на средства.

„Со реалокација на средства, веќе се дел од структурите на Армијата 120-те лица кои биле упатени на стручно усовршување за офицери и подофицери и од нив се промовираа нови 28 поручници“ – истакна Мисајловски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ