Брзо откако пристигна во Абердин, Миовски се промовираше во ѕвезда на овој клуб. Неговата постојаност во формата привлече големи клубови да се интересираат за неговиот потпис.
Македонецот вели дека не брза да замине од Абардин и покрај интересот на Селтик и останатите, среќен е во овој клуб.
„Имам уште две ипол години од договорот со Абердин. Одлично ми е во овој клуб и не брзам да си заминам. Знам дека многу работи се пишуваат за мене, но тоа е нормално. Кога играш во добра форма и даваш голови секогаш те следат поголеми клубови од оној каде настапуваш. Во Абердин сум веќе година ипол, среќен сум тука, веќе постигнав 33 голови за овој клуб, се надевам дека и луѓето од Абердин се среќни со мене. За мој евентуален трансфер решава и клубот“, изјави Миовски за „Дејли Рекорд“.