среда, 4 декември 2024

Министерот Таравари во официјална посета на ОAE

Во пресрет на официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати, министерот за здравство на Македонија Арбен Таравари, оствари средби со различни претставници.

Објавено на

часот

Сподели

Mинистерот Tаравари вели дека посетата е во насока на продлабочување на соработката меѓу нашата земја и Обединетите Арапски Емирати.

На средбата со заменик министерот за здравство и генералниот директор на здравствената служба на Емирати, Др. Јусиф Мохамед Ал Серкал зборуваше за интензивирање на соработката меѓу двете земји, изградба на нови болници, особено во сферата на размена на искуства и специјализации на лекари на нашите Универзитети, отворање на нови пазари за фармацевтскиот сектор, како и за меѓусебно признавање на дипломите на докторите меѓу двете земји.

Министерот оствари средба со др. Маха Баракат, помошник министер за здравство во Министерството за надворешни работи. На оваа средба се потпиша Меморандум за соработка во областа на јавното здравство, специјализациите и размена на искуства меѓу лекарите, доаѓањето на студенти од Обединетите Емирати за студирање во Македонија, а се разговараше и за инвестиции во нашиот здравствен систем.

Министерот Таравари рече дека оваа посета е добар почеток во идната соработка меѓу двете пријателски држави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ