среда, 11 декември 2024

Министерот Муцунски ги прими амбасадорката на Грција и амбасадорот на Ирска

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на одвоени средби ги прими амбасадорката на Грција, Софија Филипиду, и вонредниот и ополномоштен амбасадор на Ирска за Македонија, со седиште во Букурешт, Брендан Вард, соопштија од министерството.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата со амбасадорката Филипиду уште еднаш бил потврден заемниот интерес за негување на добрососедските односи, со акцент на важноста од одржување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на регионот преку негово целосно интегрирање во Европската Унија.

Дополнително, биле реафирмирани заложбите што двајцата министри, на Македонија и на Грција, ги истакнале на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, особено во делот на унапредување на соработката во одбраната, инфраструктурното поврзување, енергетиката, културата и туризмот, со посебен акцент на економската соработка.

На средбата со амбасадорот Вард, пак, биле поздравени пријателските односи и взаемните заложби за интензивирање на политичкиот дијалог, како и на економската и секторската соработка. Во оваа прилика, министерот Муцунски изразил благодарност до ирската страна за безрезервната поддршка за интеграцијата на Македонија во Европската Унија, и изразил надеж дека земјата наскоро ќе ги започне пристапните преговори за членство во Унијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ