Министерката за финансии се пофали дека и таа учествувала во акцијата поврзана со затајување на даноци
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на нејзиниот официјален фејсбук профил доцна синоќа се пофали дека учествувала во големата полицика акција против даночно затајување, а во која МВР, Основното јавно обвинителство и инспектори на Управата УЈП спроведоа голема акција во која беа извршени претреси по домови и фирми во Струмица, Гостивар и Скопје, а на распит се викнати бројни управители на фирми, адвокати и нотари. Димитриеска Кочоска не објасни која била нејзината улога во акцијата особено што станува збор за случај за кој се води предистрага и доказите собрани во оваа фаза од постапката се тајни, а секое откривање на поединечни информации претставува кривично дело.
Објавено на
часот