Вчера за време на контролите казни за брзо возење им се изречени на 815 возачи. Од нив 52 возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 13 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 397 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 418 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.