среда, 9 октомври 2024

Милевски: Ние одлучуваме за изгледот на табелата, од Македонија зависи

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски денеска го објави списокот за престојните два меча од Лигата на нации против Летонија и Ерменија.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија на 10 октомври гостува кај Летонија, а три дена подоцна играме во Еревен против Ерменија. Ново име на списокот е Андреј Стојчевски кој е прекомандуван од младинската репрезентација.

„Списокот за жал пак имаме некои повреди кои беа непланирани. Трапановски нема да игра поради повреда на тренинг. Ќе мора да паузира четири до шест седмици. Се надевам Трајковски ќе биде фит и ќе ни се придружи. За жал Дарко Велковски нема клуб и жалам што не е во посакуваната форма. Не сум задоволен од статусот на Елези во тимот на Бохум. Тој е професионалец и ќе даде се од себе да се наметне во клубот. Потребен ни е таков играч, беше со нас минатиот собир. Имавме проблеми со дефанзивата, особено со жолти картони и поради тоа е повикан Стојчевски за да биде дел од ротацијата. Останатите се надевам дека ќе бидат здрави пред се, а потоа и способни да се стават во функција на тимот. Сум го кажал ова многу пати и стојам зад оваа теза, во моментов ми е најважно здравјето на фудбалерите. Не можеме да зборуваме за натпреварувачка форма, тимот го градиме веќе три години и не сме во позиција да го менуваме секој собир. Тие фудбалери кои се повикани се најдобри во моментот, без разлика за формата. Секогаш се тука за Македонија и тоа е најважно и на прво место во моментот“, вели Милевски.

По две одиграни кола Македонија е на првото место во групата со четири бода, еден повеќе од нашите следни противници, Ерменија и Летонија.

„Нè очекуваат уште четири меча, секој од нив е подеднакво важен. Сега играме на гости со Летонија и Ерменија. Ме радува фактот и се надевам така ќе остане, дека сè зависи од нас. Македонија се прашува за изгледот на табелата во оваа Лига на нации. Ќе бидеме задоволни ако и по овој собир бидеме на првото место, каде што сме сега“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ