петок, 13 декември 2024

Милевски: Добивме група која носи надеж за пласман на СП

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски е задоволен од групата која ја добивме за квалификациитез за Светското првенство 2026.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија ќе игра со Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн, првиот оди директно на Мундијалот, а вториот ќе игра во бараж.

„Извлекувањето во Цирих ни носи надеж. Добивме група со репрезентации со кои може да играме и да се надеваме на добар пласман.

Белгија е голем фаворит. Една од најсилните светски селекции и ќе биде големо изненадување доколку не успее да го освои првото место во оваа конкуренција.

Велс е одлична репрезентација, тим кој игра динамичен и брз фудбал. Се разбира дека влегуваат со свои пресметки за конечниот пласман во групата, но убеден сум дека можеме да се спротивставиме на вистински начин.

Казахстан и Лихтенштајн можеби немаат позитивни резултати во последните квалификациски циклуси, но секој нов почеток е нова надеж и за условно, помалите репрезентации во групата.

За мене е важно ние да го задржиме истиот пристап како на последните натпревари од Лига на нации, силно мотивирани да влеземе во квалификациите и да одново да се бориме за резултат кој може да ни донесе можност за евентуален пласман на големо натпреварување”, вели Милевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ