„Денеска, кога ја одбележуваме седмата годишнина од пристапувањето на Црна Гора во НАТО, укажувам на значењето на нашето членство во овој сојуз, особено во времиња на комплексни предизвици со кои денес се соочуваат Европа и светот“, наведе Милатовиќ.
Тој додаде дека членството на Црна Гора во НАТО, постигнато во 2017 година, е една од најважните одлуки во поновата црногорска историја и е сигнал, како што наведе, на цврстата определеност на земјата за зачувување на демократските вредности, мирот и економскиот просперитет. Тој истакнува дека НАТО ѝ обезбедува на Црна Гора заштита, предвидливост и стабилност, во рамките на кои може непречено да продолжи да ја развива црногорската демократија преку јакнење на владеењето на правото и изградбата на граѓанско општество.
„Посветеноста на членството е неопходно да се демонстрира во континуитет преку одлучно и активно учество во НАТО-мисиите, придонесувајќи со тоа кон колективната одбрана и спремноста на Алијансата да одговори на сите безбедносни предизвици. Обврска на сите државни институции, но и на сите носители на одлуките е со своето дејствување да даваат придонес за унапредување на нашата меѓународна позиција и на нашата држава како одговорна, кредибилна и сигурна сојузничка“, рече Милатовиќ.