сабота, 23 ноември 2024

Милатовиќ денеска ја презема должноста претседател на Црна Гора

Објавено на

часот

Сподели

Според црногорскиот устав, новоизбраниот претседател полага заклетва на денот кога му истекува мандатот на неговиот претходник, а церемонијата на инаугурација ќе започне во 12 часот. По завршувањето на собраниската седница ќе се одржи свечена церемонија на воен поздрав на платото пред црногорскиот парламент. Поголемиот дел од лидерите на државите од регионот ќе дојдат во Подгорица на инаугурацијата на новиот претседател. Присуството на претседателот на Србија, Александар Вучиќ сѐ уште не е официјално потврдено.

Поради доаѓањето на голем број високи функционери нивото на безбедност во Подгорица е подигнато на повисоко ниво, патиштата во центарот на градот во поголемиот дел од денот ќе бидат затворени за сообраќај, додека полицијата најави засилено присуство на сите крстосници.

На почетокот на април, во вториот круг од претседателските избори, Јаков Милатовиќ доминантно го победи Мило Ѓукановиќ, освојувајќи 60 отсто од гласовите. Уставот на Црна Гора предвидува претседателот на државата да се избира на непосредни избори за пет години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ