„Хрватскиот војник нема да води туѓи војни. Додека сведочиме на глобални промени и конфликти кои можат да имаат несогледливо влијание на светскиот мир и поредок, повторно почнуваат и расправите за можно испраќање војници од одделни членки на НАТО во Украина.
Додека јас сум претседател на Републиката, Хрватска ќе ја држам надвор од таквите конфликти. Хрватска нема без размислување и по налози да спроведува туѓи одлуки, туку ќе биде внимателна и ќе води сметка за својот интерес, постојано ќе го следи она што се случува околу нас, но ќе биде чесна и лојална кон оние со кои потпишала сојуз“, порача Милановиќ.