„Вчера имавме прелиминарен состанок со Ветеринарната комора, со производителите, со фармерите, со Ветеринарниот факултет, со стручните лица коишто се од АХВ, а претходната недела имавме состанок и со одредени градоначалници во пограничниот дел со Грција кои ни овозможија канцеларии каде што можевме да одржиме состаноци со ветеринарните друштва. Со нашите стручни и вонредни екипи коишто беа пратени на терен направивме прелиминарни разговори околу превенцијата и спречувањето на внесот на болеста мали преживари во Македонија. Претходната недела исто така имав контакт и со министерот за локална самоуправа Златко Перински, а во тек е склучување и на меморандум за соработка со министерот за одбрана Владо Мисајловски. Ќе бидеме макотрпно на терен вклучени сите екипи за превенција од внесот на самата болест во Македонија“, рече Миланов.
Чумата кај малите преживари (PPR) е вирусно заболување кај козите и овците, а вирусот се излачува преку солзи, назален секрет, кашлање и измет од заразените животни. Заразувањето кај животните може да биде и 90-100%, а смртноста се движи помеѓу 50-100% и е особено тоа е изразено кај подмладокот. Болеста не се пренесува на луѓето, но предизвикува големи економски штети.
Инаку, дирекеторот на АХВ изјавата ја даде по презентацијата на проектот „Подобрена контрола на болестите кај животните и имплементација на системот за безбедност на храна“ што се спроведува од април 2022 година, а чиј главен корисник е Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Проектот е финансиран од Европската Унија во вредност од 868 илјади евра, а имплементиран од конзорциумот КАПА.
Раководителот на Секторот за операции при Делегацијата на ЕУ во Скопје, Штефен Худолин порача дека иако станува збор за завршен настан поврзан со проектот дека допрва сега треба да се почне со работа за зголемување на капацитетите за безбедност на храната, што ќе ја подобри стартната позиција на земјава за почеток на преговорите со Европската Унија.