Лофтус Чик беше стрелец на два од трите погодоци за Милан, по еден во првото и второто полувреме. Серијата за Милан ја затвори Рафаел Леао.
Интересно беше во Лисабон каде Бенфика со гол на Ди Марија од пенал во 68. минута дојде во водство, но во 75. минута Тулуз изедначи преку Деслер.
Длабоко во судиското продолжение Бенфика доби уште еден пенал, Ди Марија повторно беше прецизен за победа од 2-1.
Карабаг ја изненади Брага совладувајќи ја со 4-2 на нејзин терен, немаше голови на мечот меѓу Ленс и Фрајбург.