Тимот на Стефано Пиоли стартуваше како што само можеа да посакаат фановите, со три бода во првиот меч.
Двата гола беа постигнати рано во натпреварот. Најпрво Оливие Жиру во 11. минута постигна гол кој му донесе водство на Милан од 1-0.
Десет минути подоцна Пулишиќ на своето официјално деби за Милан даде прекрасен гол за победа на росонерите од 2-0.