По Интер, и Милан киксираше на отварањето на новата сезона, вечерва „росонерите“ одиграа 2-2 против Торино.
Гостите поведоа по половина час игра со автоголот на Малик Чао, а Дуван Запата во 68. минута зголеми на 0-2.
И кога се чинеше дека Торино ќе си замине со три бода од Сан Сиро, Мората покажа страшен инстикт за гол и намали на 1-2 во 89. минута од мечот, за Окафор да ја затресе мрежта на „биковите“ за 2-2 во 95. минута од мечот.