среда, 9 октомври 2024

Михајло Маневски напиша книга за аферата со лажните пасоши во МВР

Матица македонска од Скопје деновиве ја објави книгата „Аферата ‘двојник’ – лажни пасоши“ во која авторот Михајло Маневски на 360 страници прави правна анализа за издадените 218 пасоши со лажен идентитет.

Објавено на

часот

Сподели

Во заклучоците и препораките тој констатира дека овој тежок и организиран криминал од светски размери во суштина сè уште не е целосно отворен. Всушност, тој е повеќе прикриен отколку откриен случај со огромни штетни последици. Оваа афера претставува тешка повреда за заштита на тајноста на личните податоци и нивната сигурност, како основни човекови права и слободи гарантирани со Уставот. Целиот случај беше сведен на одговорност на службени лица од понизок ранг, на помлади референти и советници евидентичари и административни службеници, без одговорност на ниту едно лице од повисок ранг во раководните структури во Министерството за внатрешни работи.

Михајло Маневски е поранешен министер на Министерството за правда на Република Македонија. Автор е на стручни и научни трудови и учествувал на државни и меѓународни конференции во врска со владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ