вторник, 15 октомври 2024

Мицкоски: Власта е виновна за слепата улица во која влезе Македонија, изборите се решение

Објавено на

часот

Сподели

„Оваа Влада на СДСМ И ДУИ беше затворена во едно едноумие, не успеаја да функционираат со опозицијата, јасно им е дека не можат да го испорачаат тоа што го прифатија. Претпоставувам дека и по седницата ќе продолжат со својот инает, да ја оптоваруваат јавноста наместо час поскоро да одиме на предвремени парламентарни избори“, рече Христијан Мицкоски.

Според него грешката е направена кога дел од меѓународната зедница се договоараше со губитничка Влада.

„Наместо да замине Владата, тие влегоа во континуирано договарање со меѓународната заедница, а беа подготвени да ветат сѐ и да останат ден повеќе на власт. Тоа и го направија без да имаат мнозинство, а го немаа затоа што не разговараа со ВМРО-ДПМНЕ. Не ја послушаа најголемата политилка партија и потоа правеа репограмирање и таа цел стана, па почнаа есента ќе се случат измените, па на крај на годината и дојдовме до крајот и тој процес ќе застане. И треба да кажеме проблемот е на маса. Пред граѓаните треба да излеземе и да го понудиме тоа што го кажува ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ