„Промена на Уставот во овој парламентарен состав нема да има. свесен за политичката цена која што можеме да ја платиме. Излеговме во јавност дадовме предлог, предлог кој што тие го дадоа, а тоа е хрватскиот модел на уставна преамбула, и рековме еве го прифаќаме, ајде господа повелете да видиме кој е европеец кој не е европеец. Ги извадивме на виделина сите лаги, сите клевети колку е премиерот Ковачевски европеец, колку е претседателот Пендаровски Стево европеец, колку е лидерот на ДУИ, Али Ахмети европеец и останатите. И тука завршува сѐ. Јас сум свесен дека тие немаат друга тема, јас сум свесен дека тие немаат ниту еден проект ниту политика и реформа и континуирано како расипана грамофонска плоча ќе го повторуваат тоа уставни измени, уставни измени. Јас тука ја затворам оваа тема, вчера ја затворив темата со комисиите денеска ја затворам со уставните измени. И од сега па натаму одговорот мој ќе биде, го знаете ставот, тој е непроменет уставни измени во овој парламентарен состав ќе нема“, истакна Мицкоски.
Тој додаде и дека македонскиот модел може да биде само модел во кој што ќе има македонски национален консензус, а по ова прашање нема консензус.
„Македонскиот модел може да биде само модел во кој што ќе има македонски национален консензус. По ова прашање немаме консензус. Консензус се правеше кога се распродаваше Македонија. Тие тој моментум го испуштија. А сега им нудам модифициран македонски модел ист како хрватскиот, земја членка на Европската Унија. Повелете господа одважете се и да одиме“, нагласи Мицкоски.