среда, 9 октомври 2024
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нуди согласност за отворање на Уставот

Мицкоски: Ние го прифативме хрватското уставно решение, нека излезат сега од власта и нека се изјаснат

Објавено на

часот

Сподели

Според него, евентуалната измена на Уставот може да се направи во три чекори.

 

„Првиот чекор е кога во парламентот доаѓа иницијатива со која се утврдува потребата за отворање на Уставот. Тоа значи дека две третини од пратениците треба да гласаат ЗА. Доколку има две третини, следува вториот чекор, а тоа е формирање на уставна комисија која ќе работи на амандманите и ги носи во втора фаза – во парламентот. Тогаш е потребно мнозинство од вкупниот број пратеници или 61 и, доколку има такви, тогаш повторно се враќаат изгласаните материјали или амандмани, се формира конечен текст  и во трет чекор доаѓа во парламентпт процедурата и тогаш повторно се потребни две третини од вкупниот број на пратеници. Тоа значи дека минимум 104 до 105 дена се потребни, доколку во идеален случај оваа процедура почне од почеток до крај“, рече Мицкоски за време на посетата на сопартијците од локалната власт во Општина Бутел.

 

Според негго, сега  уставни комисии не се формираат, туку пред пратениците се доставува иницијатива за утврдување на потребата за отворање на Уставот.

 

„Ако ме прашате како човек, преку глава ми е од работни групи каде што неколкумина политичари седат во затворена просторија и одлучуваат за иднината на народот, а народот е против тоа. Затоа, одлучивме како ВМРО-ДПМНЕ јавно да го дадеме нашиот предлог, да не се затвораме во темни простории и да ја мистифицираме целата наша работа. Ние треба да работиме во интерес на народот и затоа ние како ВМРО-ДПМНЕ го прифаќаме предлогот што го посочија за хрватскиот модел. Треба да излезат и да кажат дали прифаќаат или не“, рече Мицкоски. 

 

Портпаролката на опозициската партија Мартија Митева во неделата изјави дека власта многу пати досега на темата уставни измени во јавноста ги пласираше тезите за промена на уставот по моделот на Хрватска, а со оглед на тоа дека Хрватска, е земја членка на ЕУ, промената на уставот по т.н хрватски модел, рече таа, за ВМРО-ДПМНЕ е сериозно применлив и прифатлив.

                                                                                            Фото: Фејсбук – Христијан Мицкоски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ