вторник, 8 октомври 2024
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на средба со амбасадорот на ОБСЕ

Мицкоски до Вал: Владата не е усогласена за кој изборен модел да биде прифатен

Објавено на

часот

Сподели

Соговорниците, како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, разговарале за актуелната политичка и економска состојба и за актуелните измени за Изборниот законик.

Од страна на Мицкоски било потенцирано дека состојбата во државата секојдневно станува полоша, поради, како што кажал, „високиот степен на криминал и корупција од страна на владата на ДУИ поддржана од СДСМ и поради катастрофалната состојба во економија и осиромашување на граѓаните“.

„Владата треба да се усогласи меѓу себе за тоа кој изборен модел и одговара, па потоа да се разговара во Собранието. Ние сме подготвени да ги прифатиме техничките препораки од страна на ОБСЕ/ОДИХР за да осигураме транспарентни, фер и демократски избори“, дециден е Мицкоски.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ