петок, 4 октомври 2024
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со изјава

Мицкоски бара народот да каже како Македонија да влезе во Европската Унија

Објавено на

часот

Сподели

Час поскоро се потребни предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе го одберат решението како до членство во Европската унија, порача денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. 

„Граѓаните се суверен во оваа држава и треба на избори коишто би се случиле час поскоро да кажат – да за ЕУ, но и да го одберат решението како до тоа да во ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ има свое решение, го кажавме тоа јавно, СДСМ има свое решение, претпоставувам и други политички партии ќе излезат на тие избори со свое решение. Граѓаните на тие избори ќе го гласаат и ќе го кажат својот став час поскоро бидејќи секој ден повеќе значи ден изгубен повеќе за Македонија, изјави Мицкоски, на новинарско прашање при посетата на Велес. 

Порача дека  политичарите треба да ја почитуават мнозинската волја на граѓаните, а не да ја изневеруваат „зад завеси за ситни пред сѐ лични и партиски интереси.

„Вчера тоа го повторив поврзано со изјавите на Димитар Ковачевски дека ВМРО-ДПМНЕ не гласало за уставните измени, а тоа се виде од собраниската седница на 18-ти август дека е компактна пратеничката група, како индикатор требаше да послужи гласањето во собраниската Комисија за уставни прашања каде што се виде дека немаат две третини, на собраниската седница се виде дека немаат две третини, едвај собраа 70-ина пратеници“, рече Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ