„Одговорот не може да биде еднострано укинување на Шенген и фрлање на топката во земјите лоцирани на надворешните граници на Европа“, рече Мицотакис во интервју за грчко радио.
Тој рече дека решението ќе вклучува „фер компромис“ меѓу сите европски земји кои треба да ги заштитат надворешните граници на Европа.
Германија објави планови оваа недела да воведе построга контрола на сите свои копнени граници, како што рече, во обид да се справи со проблемот на илегалната миграција, пишува Ројтерс.
Проверките во Шенген зоната ќе започнат во понеделник и се очекува да траат шест месеци.