среда, 9 октомври 2024
По работниот ручек со дер Лајен

Mицкоски во Брисел: Повеќе не прифаќаме ултиматуми во ЕУ-интеграцијата (ВИДЕО)

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека на средбите со врвот на ЕУ во Брисел истакнал дека државата повеќе не може да прифаќа процесот на интеграција во Унијата да зависи од ултиматуми по принципот „тие се таму, вие сте надвор, ако сакате да бидете таму треба тоа и да го прифатите“. Мицкоски додал: „Простете, но ние такво нешто не можеме да прифатиме.

Објавено на

часот

Сподели

Во изјавата по средбите со шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во рамки на својата прва официјална посета на Брисел од почетокот на својот мандат, премиерот вели дека интеграциата треба да се темели на постигнувањата на земјата, а не одлучувачки фактор да бидат билатералните прашања. 

Мицкоски истакнал на средбите дека по две и пол децении од почетокот на интеграцискиот процес, земјата и натаму се соочува со поставување на билатерални услови.

„И она што таму го кажав е дека ние сега се бориме да започнеме преговори во коишто ќе ги зајакнеме институциите и ќе ги збогатиме капацитетите. Не зборуваме за полноправно членство во рамки на Европската Унија. Ние поради билатерални прашања, поради прашања кои што се поврзани од средниот век не можеме да се развиваме како држава за 21, 22 век, а не, пак, да зборуваме за нешто повеќе“, вели Мицкоски во изјавата дадена во Брисел.

Од друга страна, вели премиерот понатаму, ни велат дека има желба да бидеме членка во ЕУ.

„Мојот одговор е дека ако има желба, тогаш има и начин. Тука сме да бидеме конструктивни, да останеме фокусирани на исполнување на оваа стратегиска цел. Остануваме фокусирани да предлагаме решенија, и ако навистина има желба, тогаш има и начин“, нагласил Мицкоски и информира дека на работниот ручек што го приредила дел Лајен, некој од присутните реплицирал дека за ЕУ интеграција се потребни и жртви.

На тоа тој потенцирал дека земјава била пожртвувана, но е жртва со понижувања.

„Правење жртва можеби за нас е и добар и политички коректен збор, бидејќи ние бевме жртва на многу понижувања во минатото. Пожртвуваност е нешто друго. Но, ние бевме понижени многупати. Ќе ве потсетам во името на европските вредности – променивме знаме, променивме банкноти, неколкупати Устав менувавме, менувавме име, што не направивме за да покажеме дека навистина сакаме да бидеме дел од европското семејство. И некој кога ќе ми каже ама тоа е правилото на еден глас, ве молам, тоа е ултиматум“, нагласува Мицкоски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ