среда, 6 ноември 2024

Мицкоски: Владата ќе биде доверлив партнер и на синдикатите, и на работодавачите

На првата конститутивна седница на Економскиот социјален совет, премиерот Христијан Мицкоски порача дека за Владата, главна и стратешка определба претставува економијата, односно подобрување на перформансите на економијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Бидејќи ако немаме добра и стабилна економија, тогаш немаме ништо во државата“ –констатираше Мицкоски.

Надоврувајќи се на таа констатација, премиерот додаде дека за да има стабилна економија мора да има владеење на правото, нешто што во изминатиот период за жал го немало, но наредниот период  следува и подобрување, бидејќи „никој од инвеститорите, дали од Македонија или надвор. не сака да ги инвестира своите средства во држава во која не владее правото“.

„За да имаме добра и стабилна економија потребно е да имаме владеење на право, нешто кое за жал го немаме, и ќе се обидеме во периодот што следува да го подобриме и вистински да имаме владеење на правото, затоа што ако нема правна држава нема да имаме инвеститори кои што без разлика дали се од Македонија или се од надвор ќе сакаат да ги инвестираат своите средства. И во таа насока овие два параметри одат еден со друг“, кажа премиерот.

Мицкоски нагласи дека дијалогот помеѓу синдикатите и работодавачите и Владата е важен за да се создадат услови за функционирање во кој ќе започне процес кој ќе води во насока на одржлива економија и владеење на правото.

„Нормално тука е дијалогот помеѓу синдикатите и работодавачите во делот на креирање услови за да можеме да функционираме како што треба и мислам дека со оваа денешна конститутивна седница ќе започнеме еден таков процес кој што ќе не води во таа насока да имаме, најпрво одржлива економија, владеење на правото и квалитетен дијалог помеѓу овие три страни, синдикатите, работодавачите и Владата“ – наведе Мицкоски.

Претседателот на Владата. Мицкоски посочи дека наследил распаднати институции со огромни долгови и тоа само по однос на тековни расходи заклучно до 24 јуни во Буџетот недостасувале 30 милијарди денари.

„Имавме неплатени обврски кон приватниот сектор од блиу 200 милиони евра, кои сè уште се ажурираат . Сега се и повеќе, како одминува времето така стигаат. Минус, од прилика 150 илјади евра во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, надвор од тековните обврски, за редовна исплата на пензии… недостасуваат околу 5 милијарди денари. Според првичната верија на буџетот, недостасуваат од прилика 4,2 милијарди денари за редовна исплата на плати, па дополнителни обврски по основа на јавни претпријатија кон меѓународни финансиски институции од 5,1 милијарда денари. Во Фондот за здравство недостасуваат од прилика 1,7 милијарди денари во првичната верзија на буџетот, 800 милиони денари загарантиран минимален доход, 437 милиони денари за студентски оброк, 207 милиони денари за стипендии, околу 300 милиони денари за блок дотации, 1 милијарда денари за субвенции кон компаниите кои работат во ТИРЗ, итн. Списокот е долг и сè на сè заклучно со 24 јуни,  во буџетот недостасуваа 30 милијарди денари за тековни расходи“, кажа Христијан Мицкоски.

Премирот кажа и дека жали што Економско социјалниот совет претходно кога се креирал буџетот не бил толку активен, како што поединци беа активни  овие 100 дена.

„Но, таква е состојбата“, изјави Мицкоски и додаде дека парите се обезбедени преку зголемување на наплатата во клучни сектори, а тоа се УЈП и Царинската управа потенцирајќи дека повеќе нема фиктивни компании кои измислуваат милионски суми за повраток на ДДВ и на тој начин ја крадат државата.

На крај, премиерот Мицкоски укажа дека Владата е партнер во кој синдикалните здруженија и работодавачите ќе имаа доверба и ќе соработуваат, а не како страна која што сака да се наметне како авторитет.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ