сабота, 28 септември 2024

Мицкоски соочен со дупка во буџетот, но ветува дека ќе најде пари за линеарно зголемување на пензиите

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска потврди дека за зголемување на пензиите ќе треба да се чека ребалансот на Буџетот, за што тој и министерката за финансии, како што кажа, интензивно работат и кој е најавен за средината на јули. Mицкоски вели дека недостасуваат пари во буџетот, но ветува дека ќе се најде решение за две линеарни зголемувања на пензиите од по 2,500 денари за месеците септември и март.

Објавено на

часот

Сподели

„Од она што можам да видам дека и со оној првичен буџет којшто е поминат за оваа година недостасуваат околу 2,5 милијарди денари. Ќе имаме најверојатно две линеарни зголемувања, најверојатно. Ќе имаме потврда во текот на утрешниот ден или денот потоа. Едното нивелирањето ќе биде во септември, линеарно зголемување од 2.500 денари и другото ќе биде во март уште 2.500 денари“, рече Мицкоски.

Но премиерот вели дека најпрво треба со ребалансот да се обезбедат 2, 5 милијарди денари или, околу 40 милиони евра.

„Во овој буџет тие пари недостасуваат. Се трошеле пари за работи за кои мислам дека многу ќе се занимаваат истражните органи во периодот што следи. И уште дополнителни 2,5 милијарди денари се подготвени за ова првично зголемување сега што ќе биде во септември, за овие тре месеци септември октомври ноември бидејќи пензиите ќе се исплаќаат тогаш. Останатите ќе бидат во март и со тоа практично нашето ветување за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари во првата година ќе биде и порано исполнета. Нема да биде до јуни туку ќе биде до март“, рече Мицкоски, кој беше на ставање на камен темелник на училиште во Драчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ