„Што е разликата помеѓу злоупотреба на државните ресурси при прислушувањето и физичко покривање, исто така со злоупотреба на државните ресурси, на претседател на најголемата политичка партија, тогашп во опозиција? Што е разликата? Нема разлика, за ова луѓе се во затвор. Тоа што врз основа на наводна информација добиена од информатор била составена белешка која потоа врз основа на процедурата на агенцијата служела како алиби за да може институционално да бидам следен не е во ред. А тоа се потврдува и со тоа што МВР не била информирана. Врз основа на тоа што успеав да го видам и да го слушнам од луѓето со кои комуницирам, а тие се вработени во агенциите што се занимаваат со безбедност, можам да заклучам дека станува збор за внатрешна процедура во која што се користат ресурси на овие агенции кои најчесто постапуваат по принципот на добиена информација, без да има материјални докази“, истакна Мицкоски.
Не е во ред во таков еден извештај да пишува дека сум финансирал, инспирирал вооружена формација којашто во тој момент претставувала опасност за правниот поредок и Уставот на Македонија, додаде Мицкоски.
„А токму тоа го констатирала една од овие две агенции. Тогаш логично е таа агенција да го информира Министерството за внатрешни работи. Прашањето е зошто не го информирала? Затоа што тој период кога таа агенција го констатирала ова преку информација добиена од свој извор, технички министер беше Наќе Чулев. Станува збор за класична злоупотреба“, рече Мицкоски.