Како што најави Мицкоски, се предвидува приклучоците на гасоводната и топловодната мрежа да бидат бесплатни за домаќинствата, а цената на природниот гас да биде многу пониска од онаа цена која е на берзите.
Сето ова, како што кажа Мицкоски, ќе чини над една милијарда евра.
„Оваа инвестиција не е важна само за трајно решавање на проблемот со загадување на воздухот кој е еден од главните проблеми на граѓаните за кој што сум високо свесен и за кој што ќе ве излажам ако ви кажам дека има брзи решенија, туку и за енергетскиот потенцијал на државата. Инвестициите во ова поле се гаранција и зацврстување на нашата енергетска независност која во 21 век е всушност и зацврстување на сувереноста на државата во нејзиното одлучување и водење на политика. Разговараме за проекти кои се од темелно значење за животната средина, економијата, енергетската независност и стратешкото позиционирање на Македонија“, кажа Мицкоски.