сабота, 8 февруари 2025

Мицкоски има 17 советници, хонорарите се по 60.000, а за вработените бруто по 90.000 денари за плата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека има 17 советници, од кои четворица се со полно работно време во Владата.

Објавено на

часот

Сподели

„Вкупно имам 17 советници и сите советници имаат плата во вкупна вредност од 60.000 денари, со исклучок на оние кои се со целосно, полно работно време. Такви се тројца или четворица, и тие имаат месечен хонорар од 90.000 денари“, рече претседателот на Владата одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција.

Мицкоски ја прифати забелешката на новинарите за необјавувањето соопштенија од владините седници и, како што рече, „ќе се потрудиме веднаш по оваа прес-конференција сите соопштенија што недоставуваа да ги објавиме на страницата на Владата“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ