Организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски покажа фискална сметка од ресторан во Белград, Србија, вредна околу 100 евра, потпишана од Димитриеска Кочоска и Мицкоски.
„Што се јадело и пиело на сметка на народот, виски Џони вокер – блек, ракија Дуњовача, поховани јагнешки шницли, купус салата, ќебапи, крвав бифтек, чоколадно суфле, крем пита ‘И као да си Анџео’“. Ова е фактура за кетеринг услуги, 110 илјади денари во еден ресторан во Скопје. Исто така потпишано од Кочоска и Мицкоски. Еве уште една фактура, 38.000 денари, од еден ресторан во Брвеница. Потпис, Кочоска и Мицкоски. Една минимална плата, едно седнување, 21.270 денари во истиот ресотран. Истата Кочоска која заедно со Мицкоски не даваат да се покачи минималната плата, им кажуваат на граѓаните и работниците каков грашок да јадат, дали треба цреши и грозје да си купат. Гозби, ручеци, кетернзи. Како да не знаеле да сопрат од кафани и ресторани. Нова фактура, 10.500 денари на ЕЛЕМ, сектор финансии, од познат ресторан во Скопје. Уште една, 8.500 денари, ресторан во Брвеница. Па уште една, 9.200 денари. Сите, во време кога со ЕЛЕМ управува Мицкоски а Кочоска е директор за финансии“, обвини Костовски.
Тој ги нарече лажни домаќини и оцени дека ова е „расипничко трошење на парите на граѓаните и аздисано однесување“.
„Не им било гајле ниту колку пари ќе потрошат. Ако како први луѓе на ЕЛЕМ вака аздисувале, можеме само да претпоставиме што се случува сега. Кочоска нема морал ниту совест. Кочоска не може да им кажува на работниците дека нема пари за миниминална плата, што може а што не може да јадат. Единствено што не може е Кочоска да води министерството и треба да биде разрешена“, рече Костовски на денешната прес конференција.