Покрај двата студентски дома во Скопје ќе се реконстрираат и останатите домови низ државата.
„Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските домови, не само во Скопје, туку и во другите градови каде што имаме универзитетски кампуси, центри. Веќе е почната реконструкцијата на двата студентски дома во Скопје, „Кузман Јосифовски Питу“ и „Стив Наумов“. Но, исто тоа ќе биде проектирано и во другите универзитетски центри во државата, така што и тоа е едно од оние ветувања коишто ги ветивме за студентите и младите“, изјави премиерот.
Во државата има повеќе студентски домoви во неколку града, Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Штип и Тетово.