Синсинати имаше водство од 2-0 со голови на Акоста во 18. и Вазкез во 53. минута.
Следуваше вистинска драма, Меси не даде голови, но асистираше на погодоците за израмнување. Аргентинецот најпрво додаде до Кампања во 68. минута за 2-1, а кога се чинеше дека ќе биде крај, во 97. минута истите двајца повторно искомбинираа за 2-2.
Следуваа продолженија, во 93. минута Мартинез погоди за комплетен пресврт и предност на Интер Мајами од 3-2, но Кубо во 114. изедначи на 3-3.
Во пенал серијата Меси прв го изведе пеналот, сите негови соиграчи погодија, Синсинати го промаши последниот пенал и загуби.
Интер Мајами во финалето ќе игра против Хјустон Динамо кој со 3-1 беше подобар од Реал Солт Лејк.