Сега Мерцедес најави дека опцијата за надградување на перформансите на барање е достапна за корисниците на електрични модели е-кју-е и е-кју-ес, нормално, со соодветна претплата.
Не дека Мерцедес всушност менува или додава некаква компонента за автомобилот да биде побрз. Потребна е само интернет врска за да пристапите до онлајн продавницата на германската марка.
Овој тренд веројатно ќе стане сè попопуларен во автомобилската индустрија, со слични понуди во електричните возила на другите произведувачи, како БМВ кој нуди седишта со греење со месечна претплата.
Ажурирањето е достапно за купувачите на моделите е-кју-е 350 4матик, е-кју-ес 450 4матик седан и кросовер во Северна Америка. Ја зголемува силата на возилото до 60 коњски сили, додека забрзува од 0-100 км/ч за секунда побрзо.
Мерцедес бенц тврди дека платените подобрувања нема да влијаат врз радиусот на автомобилот. Конкретно, е-кју-е моделите ќе имаат зголемена сила од 288 на 348 коњски сили.
Купувачите кои ќе сакаат да ја искористат опцијата за зголемена сила ќе мора да платат 60 долари за дополнителните 60 коњски сили, врз основа на месечна претплата, 600 долари за годишна претплата или еднократен надомест од 1.950 долари, што овозможува надградба на силата во текот на целиот животен век на возилото.
Сопствениците на е-кју-ес ќе мора повеќе да го испразнат паричникот бидејќи плаќаат 90 долари месечно, 900 долари годишно или 2.950 долари за трајно отклучување на оваа опција.