среда, 11 декември 2024

МЕПСО интензивно ја гради трансформаторската станица Охрид за интерконективно поврзување со Албанија

Интензивни градежни активности се вршат на градилиштето во близина на селото Мешеишта каде се гради новата трансформаторска станица Охрид. Стабилните временски услови овозможуваат компанијата изведувач да работи согласно планираниот динамички план, информираат денеска од МЕПСО.

Објавено на

часот

Сподели

На површина од 80.000 метри квадратни се изведуваат потпорни ѕидови и наклони, се гради командната зграда на станицата, се работи на изведба на фундаменти за монтирање на челични носачи на опрема во 400 киловолтната постројка.

„Членовите на Управниот Одбор на чело со генералниот директор Бурим Љатифи, ја потенцираа важноста на овој капитален инфраструктурен проект и за државата и за регионот бидејќи со инвестирање во преносната мрежа градиме добрососедски односи и се поврзуваме со цел, поголем економски просперитет и повисок стандард за граѓаните. Со проектот се заокружува електроенергетското поврзување со сите наши соседи, се овозможува поголема сигурност, стабилност и доверливост на нашиот електроенергетски систем, но и вклучување во сите регионални иницијативи за размена на енергија како и учество на пазарите на балансните и системски услуги“, велат од МЕПСО.

Според компанијата, проектот за интерконективно поврзување со соседна Албанија е најголемата инвестиција во преносната електроенергетска мрежа. Опфаќа две компоненти а тоа се далекувод ТС Битола 2 – албанска граница и изградба на ТС Охрид која ќе има 400 киловолти влез и излез, и три излези на 110 киловолти ниво кон Охрид, Струга и Ресен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ